Свилановиќ: Со соработка до адекватен одговор на тероризмот во ЈИЕ

Свилановиќ: Со соработка до адекватен одговор на тероризмот во ЈИЕ

Адекватен одговор на зедничките предизвици поврзани со радикализацијата, насилниот екстремизам, тероризмот и повратниците од странските боишта во балканските земји, може да се најде само во заедничка акција која бара повисоко ниво на регионална соработка, изјави денеска во Тирана генералниот секретар на Советот за регионална соработка во Југоисточна Европа, Горан Свилановиќ.

- Секоја владина агенција, организација, иницијатива, мрежа и субјект имаат задача да придонесат во превенција и спречување на насилниот екстремизам и тероризам, со цел нашиот регион да биде сигурно место за живеење, нагласи Свилановиќ во обраќањето на стартот на регионалната антитерористичка конференција, која во организација на Советот за регионална соработка и албанскто Министерство за надворешни работи се одржува во Тирана.

Свилановиќ нагласи дека Советот подготвил Регионална платфотма за борба против радикализацијата, насилниот екстремизиам и тероризмот, чија задача е да ја зајакне координацијата и соработката во спречување на овие појави во Југоисточна Европа, како на национално, така и на регионално ниво.

Во обраќањето на Конференцијата, албанскиот заменик министер за надворешни работи Одета Барбулуши изјави дека Албанија ги поддржува активностите на Советот за регионална соработа, а посебно Регионалната платформа за борба против радикализацијата, насилниот екстремизиам и тероризмот, бидејќи како што нагласи терористичките закани не познаваат политички граници и претставуваат опасност за целиот регион.

Претставниците на ЕУ кои учествуваат на собирот во своите обраќања се осврнаа на значењето на законодавствата што се однесуваат на борбата против тероризмот. Тие посочија дека земјите во регионот „се вооружиле со сеопфатни алатки за спречување на тероризмот“, но нагласија дека тоа не е доволно и дека треба повеќе да се работи на борба протов радикализацијата.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.