„ЛинкедИн“ блокиран во Русија

„ЛинкедИн“ блокиран во Русија

Руското регулаторно тело „Роскомнадзор“ денеска им нареди на интернет провајдерите да го блокираат пристапот до „ЛинкедИн“, откако претходно, рускиот суд одлучи дека американската компанија ги крши законите за заштита на приватноста.

„Роскомнадзор“ наведува дека мерката е преземена поради заштита на податоците на руските корисници на интернет.

Портпаролот на „Роскомнадзор“ Вадим Амеплонски изјави дека доколку „ЛинкедИн“ сака да биде одблокиран, треба да ги почитува руските закони.

Според руските закони, интернер-страниците кои чуваат лични податоци на руските граѓани ќе мора тоа да го прават на руски сервери, а тоа не го направи „ЛинкедИн“.

„ЛинкедИн“, чија централа е во САД, има над шест милиони регистрирани корисници во Русија. Таа е првата социјална мрежа што е блокирана од страна на руските власти.

„ЛинкедИн“ се уште не ја коментира одлулата на руските власти.

Критичарите истакнуваат дека одлуката против „ЛинкедИн“ е дел од нападот врз социјалните мрежи во Русија, а последните години се воведува се построга контрола на интернетот.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.