Поддршка на приватниот сектор, подобрено снабдување со електрична енергија и олеснет пристап до финансии за микро, мали и средни компании се трите области во кои Меѓународната финансиска корпорација размислува да ја поддржи Македонија.
Кај скопјани има се поголем интерес за бесплатно приклучување кон системот за централно греење како кај домаќинствата, така и кај правните лица, информираат од Балкан енерџи груп (БЕГ).
АД „Електрани на Македонија“ во петокот на аукција продаде 99.400 мегават часови вишоци електрична енергија по просечна цена од 66,01 евро по мегават час во вкупна вредност од 6.561.055 евра.
Девизниот прилив од туризмот во првата половина од годинава порасна за 26,6 отсто во споредба со истиот период лани.
Американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ денеска почна со изградба на производствениот капацитет во ТИРЗ - Струга.
Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството заклучно со август, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски по завршување на денешната седница на Комитетот за финансиска...
Македонија доби 23 милиони долари грант од САД за развојна цел. Договорот е потпишан меѓу Република Македонија претставена од Министерството за финансии и Соединетите Американски Држави претставени од Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД.
Бруто домашниот производ во второто тримесечје од годинава бележи раст од 3,1 процент, објави Државниот завод за статистика. Во првиот квартал годинава БДП имаше раст од 0,1 процент.