Концептот на даночната реформа се заснова на праведност, односно проширување на даночната основа преку ревидирање на даночните ослободувања и повластените стапки и борба против сивата економија.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека државата ќе мора да ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции кои имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена...
Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими го презентираа предлог Буџетот за 2023 година, соопштуваат од Владата.
Македонија добива четири милиони евра грант од ЕУ за кофинансирање на Проектот за модернизација на земјоделството на Светска банка во вредност од 46 милиони евра.
Министерот за финансии Фатмир Бесими интервју за телевизија „Сител“ рече дека Владата презентирала три ставки од Концептот на даночната реформа и тоа данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност.
Девизните резрви на крајот на октомври годинава изнесувале 3.752,6 милиони евра, соопшти Народна банка.