Инспекторите постапуваат по пријави за фалсификат средства за дезинфекција

Поголемиот дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од коронавирусот, покажуваат спроведените 5.213 надзори што од 28 март до 1 април ги спровеле шесте инспекциски служи при Инскцискиот совет.

Во тој период Државниот пазарен инспектират (ДПИ) постапувал по пријава за фалсификат на средствата за дезинфекција Екосал и Дезантал, а надзорот е се уште во тек, а затворил и 20 угоститески објекти за непочитување на владините мерки, во Скопје, Гостивар, Тетово, Струга и Битола, инфрмира денеска на прес-конференција претседателката ан Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Од вкупно спроведени 4.261 контрола а ДПИ, 823 биле за замрзнатите цени на производите, при што се утврдени помалку поскапувања на цитрусните и други производи. Таму кај што се констатитани повисоки цени, се вратени на претходното ниво. Имало и 3.438 за контроли на работата на трговските услужните и угостителските објекти, но и визуелните контроли низ кои покажале дека поголмиот дел од угостителите ги почитуваат мерките. Пазарните инспектори интензивно ги контролирале и кафематите, а при инспекциите во Штип е утврдено дека 34 кафемати не работат.

Државниот санитарен и здравствен инспектора,т пак, извршил 74 надзори и издал 1.019 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во нашата држава, а констатирано е дека возачите ги почитуваат пропишаните препораки.

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство, кои спровеле, 277 надзори во повеќе градови низ државата изрекле пет решенија на месарници и маркети за лоша општа хигиенска состојба и наредиле да се изврши дезинфекција, дератизација и дезинсекција. Изрекле и 22 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и поради работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка.

Агенцијата за лекови, пак, при 32 надзори констатирал дека нема специфилни отстапувања. – Секторот ги поддржува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата, реле Филиповска Грашкоска.

Извршени се и 155 надзори од страна на инспекторите на Државниот транспортен инспекторат и еконстатирано дека меѓуопштинскиот сообраќај е редуциран за 90 проценти, а меѓународниот превоз на патници е во прекин.

Донесени се и едно решение и 22 укажувања за работодавачи кои не ги почитувале препораките на Владата. Најголемиот дел од 414 спроведени надзори од Државниот инспекторат за труд, биле поврзани со постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете од 10 години, самохран родител, бремени жени и хронично болни лица. Инспекторатот генерално констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот, рече Филиповска Грашкоска.

Таа истакна дека инспекцискикте служби со сите капацитети продолжуават со интензивна работа на терен. Порача дека секој кој нема да ги почитува владините мерки и препораки кои имаат цел заштита на јавното здравје ќе биде санкциониран без исклучок.

414, се донесени Трудов 21 укажување за работодавачи, претежно се постапувало Поголемиот де од работодавачите ги почитуваат препораките за зашптита на вработените од коронавирѕсот,

Како дел од активностите за контрола на почитувањето на мерките и активностите од Владата за спречување на коронавирусот, шесте инспекторати при Инспекцискиот совет спровеле вкупно надзори од 28 март до 1 април.