Лукаревска: 10% од фирмите не дале февруарска плата, „одглавете“ го корона пакетот

Дури 10,7 отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им дадат плата на вработените, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Таа рече дека за февруари се прифатени 63.948 ПИН пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, но 6.888 немаат исплати на плата.

„Заега испратени се само опомени. УЈП има предвид дека финансиската помош за февруари не стигна, а дека компаниите тоа го планираа. Затоа, уште еднаш апелирам што поскоро да се донесат законите од петтиот економски пакет. Помина и март, а помош треба да се дава и за мартовска плата“, рече Лукаревска.