Заев: Кризата е одмината, економијата заздравува

За премиерот Заев и официјално кризата е завршена, а македонската економија заздравува. Оптимизмот го темели на денешниот податок на статистика дека БДП во втортиот квартал бележи раст од 13,1 процент и позитивните трендови и во другите облкасти.

За експертите пак, високиот раст на БДП се должи на ниската споредбена основа од истиот квартал лани кога БДП имаше историски пад од 12,7 проценти. Заев се обрати пред високи претставници на меѓународни финансиски институции и експерти кои на економскиот форум дебатираа за „Економското заздравување и раст по КОВИД 19“. Се пофали и со владиниот План за заздравување и финансирање забрзан раст по кризата.

После 1 година според дешните официјални статистички податоци можеме и официјално да кажеме дека кризата и официјално одминува и економијата заздравува. Официјално пред неколку минути е објавено од дзс во вториот квартал од годината согласно статистика регистриран е позитивен раст на бдп во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото полугодие од оваа година постигавме раст на бдп од 5,6 проценти .

За вицепремиетот пак Артан Груби најголемата закана за економиите не е короната туку корупцијата. Дури за него корупцијата е пострашен вирус и од Ковид,

За претставниците на меѓународните институции пак економиите побрзо ќе закрепнат со забрзан процес на вакцинација. Од Светска банка ни порачаа и да внимаваме на високиот јавен долг и инфлацијата.

Меѓуародната конференција организирана од Министерството за финансии трае два дена. Ќе се дебатира и ќе се разменуваат идеи за глобалните и регионалните перспективи и за постпандемиското закрепнување и раст.