Од годинава општините ќе располагаат со повеќе пари

Од годинава општините ќе располагаат со повеќе пари

Од годинава општините ќе добиваат повеќе пари со што треба да станат финансиски постабилни и на тој начин да испорачуваат подобри и поефикасни услуги за граѓаните. Со реформата за унапредување на фискална децентрализација предвидено е постепено до 2024 година општините да добијат повеќе приходи од личниот данок на доход и од стапката на дотација од ДДВ.

Поточно, сегашните три проценти предвидени приходи за општините по основ на данокот на личен доход треба да се зголемат до шест проценти во 2024 година, а стапката на дотација од ДДВ од сегашните 4,5 проценти да се зголеми на шест проценти во 2024 година.

Зголемувањето на приходите од данокот на личен доход ќе оди постепено. Поточно, годинава тој процент ќе биде четири, следната година пет проценти за веќе во 2024 година да достигне шест проценти.

Постепено зголемување ќе има и кај стапката на дотација од ДДВ така што таа годинава ќе изнесува пет проценти, во 2023 година 5,5 проценти и во 2024 година шест проценти.

Податоците покажуваат дека од 2005 до 2019 година, средствата за општините се зголемени од 5,9 милијарди денари на 37 милијарди денари. Сега, согласно закон, општините добиваат 2,8 милијарди денари преку дотација од ДДВ и преку данокот на личен доход, а со реформата за унапредување на фискалната децентрализација се предвидува овие средства да се зголемат речиси двојно, односно на 5,2 милијарди денари во 2024 година.

Средствата ќе се распределуваат во три фонда и тоа Основен фонд во кој ќе одат 4,5 проценти од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година, како и Фонд за перформанси и Фонд за изедначување каде ќе се слеваат по 0,75 проценти од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година.

Општините кои ќе имаат позитивни резултати и повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат повеќе средства од Фондот за перформанси, а оние кои имаат пониски приходи заради ограничениот капацитет на ресурси, а покажале добри резултати во собирањето на сопствените приходи, ќе добиваат средства од Фондот за воедначување.

Годинава, кога треба да почне постепеното зголемување на средствата, во Фондот за перформанси и во Фондот за воедначување ќе се распоредат по 0,25 проценти соодветно, додека во Основниот фонд ќе се распоредат 4,5 проценти. Веќе во 2023 година, кога се очекува приходите од ДДВ да се искачат на 5,