Од 1 декември соодветни мерки за компаниите од прехранбениот сектор што нема да ги намалат цените на производите

Од 1 декември соодветни мерки за компаниите од прехранбениот сектор што нема да ги намалат цените на производите

Министерот за економија, Крешник Бектеши потсети дека од први декември компаниите од основниот прехранбен сектор, чии артикли се наведени во владината Одлука, без оглед дали ќе користат субвенционирана електрична енергија или не, треба да ги намалат цените на производите.

Ако тоа не се случи, вели тој, владата ќе преземе соодветни мерки.

„Од први декември, сите компании кои можеа да ја користат оваа мерка, тоа се околу 1.000. Некои се мали пекари, големи производители се околу 180. Сите треба да ги намалат цените на производите кои се во Одлуката утврдени со трговска маржа. Ако тоа не се случи, сами ќе видите какви мерки ќе се носат“, рече Бектеши.