Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии

Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почнува етапната исплата на пензиите за месец ноември.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2022 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.12.2022 година (четврток) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.12.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 ноември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.