ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ | Горан Сугаревски: Издвоени се 270 милиони евра за изградба и одржување на патиштата

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ | Горан Сугаревски: Издвоени се 270 милиони евра за изградба и одржување на патиштата

Министерството за транспорт и врски е институција која располага со голема сума на срества и проектира јавни трошоци кои директно влијаат врз џебот на граѓаните.

Од тој аспект, преставува министерство чие делување е често критикувано. Партиите нудат големи ветувања во врска со ова министерство во текот на изборните кампањи. Па поради тоа, ова министерство неретко е мета на опозициските критики. Министерот за транспорт и врски во интервју за ЗАМАН Македонија ги престави новите проекти и одговори на прашања кои се во интерес на граѓаните.

ГО ДОБИВТЕ НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД БУЏЕТОТ ЗА 2018 ГОДИНА. КОЛКАВ Е ИЗНОСОТ ОДВОЕН ЗА ВАШИОТ БУЏЕТ? ДАЛИ ИМАТЕ ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ?

Буџетот на министерството за транспорт и врски е проектиран имајќи ги предвид проектите со висок капитал. Со големите инвестиции планираме да внесеме свежина во економијата. Во таа насока, изворите предвидени со нацрт буџетот ќе бидат насочени кон изградба на јавните патишта, железницата, локалната инфраструктура и проектот за природен газ. Нацрт буџетот за 2018 предвидува 5 милијарди 901 милион денари, односно 96 милиони 433 илјади евра. Може да се каже дека капиталните проекти имаат влијание во покачувањето на буџетската сума. 2 милиарди 234 денари (36 милиони 384 илјади евра) се одвоени за гасоводниот систем, за изградбата ма 8. и 10. коридор се предвидени 1 милиарда 357 милиони денари (22 милиони 100 илјади евра), за изградбата на социјалните згради предвидени се 330 милиони денари (5 милиони 423 илјади евра), за проектот финансиран од Европската инвестициска банка со кој е предвидено изградба на водоводната и канализациската мреже во општините издвоени се вкупно 698 милиони денари (11 милиони 376 илјади евра), за изградбата на жичарата на Водно предвидени се 50 милиони денари (милион и 221 евро), 70 милиони денари (милион и 140 илјади евра) се издвоени за изградба на канализацискиот систем во населбата Сончев Град, за изградбата на инфраструктурата во индустриската зона Визбегово предвидени се вкупно 20 милиони денари (325 илјади 732 евра), во пределот на општините каде што се наоѓа комплексот на банки предвидени се вкупно 150 милиони денари (2 милиони 443 илјади евра) за изградба на водниот и канализацискиот систем и 150 милиони денари се издвоени за изградба на нов пат на аеродромот. Генерално ова се нашите проекти со голем капитал. Со овие проекти ќе оживее економијата и ќе се зголеми животниот стандард во нашата држава.

Ulastirma ve Haberlesme Bakani Goran Sugareski 2 cc7a0

Фото: Mухсин Гулер

ВО ТЕК Е ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД КОЈА Е ЗАПОЧНАТА ОД СТРАНА НА МИНАТАТА ВЛАДА. СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА Е НАПРАВЕНА МИЛИОНСКА ШТЕТА ПОРАДИ ПОГРЕШНО ПЛАНИРАЊЕ. КОЈ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПРАВЕНАТА ГРЕШКА? КАКВИ МЕРКИ ПРЕВЗЕМАТЕ ЗА ДА ГИ САНИРАТЕ НАПРАВЕНИТЕ ГРЕШКИ? ШТО НÉ ЧЕКА ВО ПОНАТАМОШНИТЕ ДЕЛОВИ ОД ОВОЈ ПРОЕКТ?

Изградбата на овој автопат е пропратена со голем број грешки. Дадени се многу високи цени за работата и материјалите искористени при изградбата. Во тек се анализите со кои ќе се одреди колкава ќе биде конечната сума. Направивме детална анализа со која ќе ги задржиме интересите на државата и граѓаните. Во моментов се наоѓаме во последната фаза за потпишување на анекс договорот со изведувачката фирма, со што се раскинува последниот договор. Но, треба да се наведе дека, анекс договорот е поврзан со последниот рок на изведување на работите. Цената на договорот дополнително ќе ја разгледуваме. Се разбира дека цената ќе биде повисока. Изградбата на овој автопат е нашиот приоритет и се разбира дека ќе се заврши. Правните органи се должни да го најдат одговорниот за направените грешки, наша работа е да го довршиме автопатот.

СЕ ТВРДЕШЕ ДЕКА ВО 2018 ЌЕ ЗАПОЧНЕ ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ ВО ДЕЛОТ ПОМЕЃУ ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ И СКОПЈЕ. СПОРЕД ПЛАНИРАНОТО, КОЛКАВИ СЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВЕДБА НА ИЗГРАДБАТА И КОЛКУ ЌЕ БИДЕ ДОЛГ АВТОПАТОТ?

Изградбата на овој автопат ќе се најде на приоритетното место, откако ќе се изградат трите започнати автопати. Должината на автопатот е 12,5 километри. Всушност овој проект чека уште од 2002 година. При повторно разгледување на проектот утврдено е дека не ги исполнува стандардите за безбедност и квалитет на ЕУ. Со средства обезбедени повторно ќе го проектираме автопатот. Односно, веќе постоечкиот пат ќе го преформираме во автопат. Ќе внимаваме на детали, за да не се повторат грешките направени при изградбите на претходните автопати. За да нема застој во работата, треба да ги решиме правните и имотните проблеми. Имаме некои претпоставки за вредноста на проектот, но ги чекаме конечните измени во проектот, за да ја обелодениме конечната сума. Но, сигурно е дека ќе вреди десетина милиони евра. Овој проект сметаме дека е од голема важноста за нашите граѓани, затоа некако ќе го завршиме и тој проект.

ПОТПИШАН Е ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА ПОМЕЃУ КИЧЕВО И ЛИН КОЈА ГИ ВРЗУВА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА. ДАЛИ ОВОЈ ПРОЕКТ ЌЕ СЕ ОДВИВА ЗАЕДНО СО 8. КОРИДОР?

Подготвен е проектот за изградба на пругата помеѓу Кичево и албанскиот град Лин. Со овој проект се предбидува еднонасочна пруга во должина од 63 км до границата на Албанија. Ова е чекор кој ќе го заврши коридорот број 8. Според проектот, трошоците за изведување ќе изнесуваат околу 500 милиони евра. Финансиите ќе бидат обезбедени од ЕУ фондовите и другите меѓународни фондови. Овој проект е од клучна важност, не само за нас, туку и за другите земји од регионот. Ваквата железничка линија истовремено ќе ги порзе Бугарија и Албанија. Ние ќе се потрудиме да го изградиме делот кој ќе ги поврзува двете земји.

ОПШТО Е ПОЗНАТО ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ ИМААТ ТЕХНИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ. ДАЛИ ПЛАНИРАТЕ КОРЕНСКИ РЕФОРМИ И ИНВЕСТИЦИИ ВО ОВОЈ ДЕЛ?

Железничкиот транспорт има големо значење за нашата држава. Всушност „Македонски железници“ располага со голем капацитет, но истовремено има и големи долгови направени во минатото. Мора да инвестираме во овој сектор доколку сакаме фирмата да се врати во нормала. Исто така, ќе се трудиме редовно да ги исплаќаме платите на вработените во фирмата. Важно е да продолжи работата на системот. Фирмата ќе ја анализираме од сите аспекти и ќе ја донесеме најрационалната одлука. На тој начин, ќе се обидеме да го намалиме буџетот издвоен за „Македонски железници“.

СЕ ШПЕКУЛИРА ЗА СОРАБОТКА НА ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР ВО РАКОВОДЕЊЕТО НА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА И ПАТАРИНИТЕ. ДАЛИ ОВАА ТЕМА Е НА ВАШИОТ ДНЕВЕН РЕД ИЛИ ПАК „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СТОПАНИСУВА СО ЈАВНИТЕ ПАТИШТА И ПАТАРИНИТЕ?

Работата на патиштата и патарините ја спроведува „ Јавно претпријатие за државни патишта“. Во 2018 панираме голема инвестиција. За таа цел планирани се 270 милиони евра за саниране на над 60 патишта во должина од 800 километри. Во текот на годината планираме да ги завршиме атвопатите Демир Капија-Смоквица и Миладиновце – Штип. Продолжуваме со изградбата на експресниот пат помеѓу Штип и Кочани и другит езапочнати патишта. Одлучно продолжуваме со изградбата на автопатите Скопје – Блаце и Прилеп – Битола – Меџитлија. За реставрирањето на 12 патишта ќе земеме кредит од Светската Банка, додека пак за 26 регионални патишта планираме кредит од Европската Банка. Но, никогаш не се исклучува можноста за изградбата и работењето на некои патишта да се концесира на приватна фирма. Се разбира, сето тоа треба да биде добро пресметано.

СПОРЕД МОИТЕ СОЗНАНИЈА, СЕ ПЛАНИРА РЕСТАВРАЦИЈА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО – ГОСТИВАР. ОСВЕН ТОА, ИМА БАРАЊЕ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАТАРИНСКИ ТРОШОЦО ЗА СЕЛАНИТЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО ОКОЛНИТЕ СЕЛА. ДАЛИ ИМА КОНКРЕТЕН НАПРЕДОК НА ОВАА ТЕМА?

Планираме во текот на годината да започнеме проектирање за реставрација на автопатот Тетово – Гостивар. До тогаш „ЈП Македонија пат“ е одговорна за работата на автопатот. Долж автопатот има неколку различни излезни патишта кои водат до селата. Граѓаните од околните села можат бесплатно да ги користат овие споредни патишта.

ПОТПИШАВТЕ НЕКОЛКУ МНОГУ СТРАТЕШКИ ДОГОВОРИ ЗА СОРАБОТКА СО СОСЕДИТЕ. ДАЛИ МОЖЕ ДА НÉ ИЗВЕСТИТЕ ЗА ПОТПИШАНИТЕ ДОГОВОРИ? КОЛКАВ Е ИЗНОСОТ НА ОВИЕ ДОГОВОРИ?

Министерството за транспорт и врски потпишува договори за соработка со министерствата на другите држави само врз основа на објектни проекти. Минатата година со Бугарија попишавме меморандум за приспојување на железничката пруга, проект кој е планиран да биде завршен до крајот на годината. Оваа година ќе започнеме со изграбата на делор помеѓу Белјаковце и Крива Паланка. Овој проект треба да започне во 2021 година а треба да заврши во 2025. Според потпишаниот мемурандум, Република Бугарија до 2026 е должна да ја изграни железничката пруга од Софија до Ѓечево. Делот помеѓу Ѓечево и македонската граница треба да биде завршен до 2027 година.

Ulastirma ve Haberlesme Bakani Goran Sugareski 3 f9806

Фото: Mухсин Гулер

ИМА РЕАКЦИИ ВО ВРСКА СО ИЗДАВАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОЗВОЛИ. КОЈА Е МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ВО ВРСКА СО МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОЗВОЛИ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ТРАНСПОРТ?

Министерството за транспорт и врски мора да се движи според законите на Република Македонија. Тоа важи и за поднесените барања. Овие се транспарентни правила кои се практикуваат. Сите превозни компании поднесуваат барања под еднакви услови. Иако дозволите се ограничени, сепак ние се трудиме да обезбедиме дозволи и за трети земји.

ИМА ТВРДЕЊА ДЕКА СЕ БАРА ФОНД ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СРЕСТВАТА ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ ПОМЕЃУ ГОСТИВАР И КИЧЕВО И ДЕКА СЕТО ТОА БИ ЧИНЕЛО ОКОЛУ 500 МИЛИОНИ ЕВРА. ДО КОЈА ФАЗА Е СТИГНАТ ОВОЈ ПРОЦЕС И КОГА СЕ ПЛАНИРА ДА СЕ ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ?

Се работи за проект со голем капитал затоа ќе треба да се обратиме до меѓународните финансиски организации. Во тек се преговори со некои од нив. Проектот е поделен во три фази. Подготвен е проектот за првата фаза, која се наоѓа помеѓу Кичево и Букојчани. Според проценките, изградбата на овој дел ќе чини околу 90 милиони евра. Овој износ планираме да го обезбедиме од средства на Европската банка за развој. Идната година ќе почнеме со изградба на овој дел. Вториот дел започнува од Буковчани се до Горна Ѓоновица и третиот дел е помеѓу Горна Ѓоновица и Гостивар. Средствата за овој проект ќе бидат обезбедени од европските фондови. Изградбата на овој проект има големо значење за 8-от коридор.

САМО 20% ОД ОПШТИНИТЕ СЕ СНАБДЕНИ СО ВОДОВОДЕН И КАНАЛИЗАЦИСКА МРЕЖА. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПЛАНОВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОВАА СОСТОЈБА?

Имам цел да ги снабедеме со водоводна и канализациска мрежа сите делови каде што нема оптинска инфраструктура. Во идните 4 години, бројот на опфатени делови планираме да го зголемиме на 40%. Освен тоа, планираме да ја намалиме разликата на развој во градските и руралните средини. Со кредитите на Европската банка за инвестиции финансиски ги помогнавме општините. Единствено што треба да направат оптините е да подготват проекти и да ги достават до Министерството за транспорт и врски. Фазите потоа ние ги следиме. Но, периодот за искоритување на овој кредит истекува оваа година. Затоа, сакам да им се обратам на сите градоначалници: Подгответе ги вашите проекти и донесете ги во министерството. 8 милиони евра земавме и од германската банка КФБ. Од овие срества, 5 милиони евра се донација, останатите 3 се позајмица. Овие срества се наменети за подобрување на водоводната мрежа во Кавадарци, Радовиш и Гевгелија.

Ulastirma ve Haberlesme Bakani Goran Sugareski 4 88d00

Фото: Mухсин Гулер

ГРАЃАНИТЕ ВЕЌЕ ПОДОЛГ ПЕРИОД БАРААТ МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ПАТАРИНИТЕ. КОИ СЕ МЕРКИТЕ КОИ ГИ ПРЕВЗЕМАТЕ НА ОВАА ТЕМА?

Министерството за транспорт и врски договара соработка со некои фирми за модернизирање на 10-от коридор. Вакви зафати се направени на патарините кај кумановско Романовце и наскоро ќе се стави во функција. Подготовките продолжуваат и на патарините и кај Сопот и Отовице. Наскоро ќе се превземаат и патарините кај Градско и Петровец. Нашиот план е да ги модернизираме сите патарини и до крајот на годината да започнеме со електронскиот систем. Со текот на времето ќе ги прошириме патарините на автопатите за по уште неколку ленти. Со тоа ќе се спасиме од гужвите и долгите редици на патарините.

ДО КАДЕ Е ПРОЕКТОТ ЗА ГАСОВОДНИОТ СИСТЕМ И ВО КОЛКУ ФАЗИ Е ПЛАНИРАНО ДА СЕ ЗАВРШИ? КОЛКУ ЌЕ ЈА ЧИНИ ДРЖАВАТА ОВОЈ ПРОЕКТ И ОД КАДЕ ЌЕ СЕ СНАБДУВАМЕ СО ГАС?

Гасоводниот систем е од големо значење за нашата држава. Во моментов продолжува изведбата на централниот гасоводен систем. Мислам дека во тој дел треба да се забрзаат работите. Според планираното, гасоводната мрежа во делот помеѓу Неготино и Битола треба да заврши до 2020 година. Мислам дека и релацијата помеѓу Скопје и Тетово треба да биде завршена до почетокот на 2020 година.
Во текот на оваа година се планира да започне процесот со кој би се поврзале Бугарија и Грција. За изградба на гасоводниот систем, само оваа година планирани се над 40 милиони евра. Сакам да напоменам дека, владата е должна да го изгради само централниот гасоводен систам. Градскиот гасоводен систем треба да биде изграден од страна на градските власти.

Please publish modules in offcanvas position.