ИНТЕРВЈУ СО МОНИКА МИЛЕНКОСКА: РОДЕНДЕН НА ЧУПА ЧУПС

ИНТЕРВЈУ СО МОНИКА МИЛЕНКОСКА: РОДЕНДЕН НА ЧУПА ЧУПС

МОНИКА МИЛЕНКОСКА
ИНТЕРВЈУ РОДЕНДЕН ЧУПА ЧУПС

 

thumbnail Slika Monika 1d54a

Големиот Бренд за лижавчиња во Македонија Чупа Чупс оваа година го слави својот 60-ти роденден.По тој повод разговаравме со Бренд Менаџерот Моника Миленкоска одговорна за овој Бренд , што поточно ќе се случува по повод овој настан.

Моника, најпрво колку е препознатлив Брендот Чупа Чупс на нашиот пазар?
Чупа Чупс е познат шпански Бренд кој се продава во повеќе од 150 земји во светот и е дел од италијанско-холандска мултинационална корпорација Perfetti Van Melle.
Овој Бренд е долги години на македонскиот пазар и во овој момент претставува лидер на лижавчиња во Македонија. Брендот работи на голем број различни кампањи и активности со тоа и секојдневно го доближуваме истиот до крајниот потрошувач.

Што поточно ќе се случува по повод големиот роденден на Брендот ?
Овој настан за нас е од посебно значење. Низ годините целиот наш тим вложи голем труд за Брендот да го добие заслуженото место по својот квалитет.
Големиот 60-ти роденден ќе се одржи во Градскиот Парк - Школка во Скопје на 20.05.2018
( Недела ) од 12:00-14:00h.
Маркетиншки воден од Хибрид Медиа, настанот ќе опфаќа музички дел и интерактивен дел за сите деца присутни на настанот. Ќе биде воден од Марко Новески, а музичкиот дел ќе биде исполнет од Влатко Лозаноски.
Покрај тоа, ќе настапи и детското студио Orange Kids Club како придружба на Влатко Лозаноски.
За децата присутни на настанот организиравме и најразлични интерактивни игри со цел уште повеќе да го доближиме Брендот до целната група.
Настанот ќе биде покриен со комплетен брендинг и секако лижавче за секое дете .

И за крај што очекувате овој настан да донесе за Вас?

Како што напоменав и претходно нашиот тим и овој Бренд долги години работат на поставеност и препознатливост на Брендот. Преку ваков вид настани се очекува секако зголемен Brand Awareness , можност сите да ги пробаат нашите лижавчиња , да ги потсетиме потрошувачите на Брендот и секако на крај сето тоа да резултира со зголемена продажба .

Моника, Ви Благодариме и секако Ви посакуваме успешна реализација.

Please publish modules in offcanvas position.