ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ | Градоначалникот на Свети Николе Велковски: Се трудиме да ја намалиме бројката на невработени лица...

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ | Градоначалникот на Свети Николе Велковски: Се трудиме да ја намалиме бројката на невработени лица...

Градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски изјави дека се превземаат мерки за да се намали бројот на невработените лица. Имено. тој во своето интервју за ЗАМАН додаде дека младите се најголемиот приоритет во неговата работа и нагласи дека ќе бидат спроведени голем број проекти со кои ќе се намали невработеноста и ќе се спречи миграцијата на младите.

Во која состојба ја превземавте општината кога дојдовте на оваа функција?

Искрено не очекував дека касата на општината ќе биде толку празна. Најмногу ме зачудуваат долговите кои секојдневно пристигаат во општината, бидејќи јас лично не сум навикнат да бидам должен. Ме чуди тоа што не се превзема никаква одговорност, и покрај огромните долгови кон приватните фирми. Општината должи 1,6 милиони евра од минатиот период. Од светската банка е земен долг од 800 илјади евра, чија отплата треба да за почне годинава и ќе трае 10 години. Останатите долгови се направени кон локалните фирми. За подобро да ја разберете ситуацијата, ќе ви кажам дека само Комуналната хигиена должи над 785 илјади евра.

 Velkovski 2 0ece1Фото: Мухсин Гулер

Кои се проектите кои планирате да ги остварите во 2018 година?

Оваа година планираме да оствариме многу проекти. Планираме повторно да ја изградиме пречистителна станица за отпадни води која не работи веќе 10 години. Во моментов, целата канализација се влева во реката на Свети Николе. Нашиот втор проект да изградиме канализациска инфраструктура.  Во селата Ерџелија и Гробинци ќе изградиме градинки. Ќе започнеме градежни работи за подобрување на патната инфраструктура на патот помеѓу Штип – Миладиновци. Имаме намера да поставиме контињери за отпадоци низ селата, а кај поголемите села планираме да поставиме автобуски линии.

Кои се капиталните инвестиции кои ги планирате за ериодот додека сте на функција?

Ќе се трудам да ги остварам сите проекти кои ги ветив во предизборната кампања. Ќе се обидеме да ги привлечеме домашните и надворешните инвеститори за производството на енергија, односно за поставување на ветерници и фотоволтажни станици. Предност нѝ се проектите со кои се овозможува чиста и здрава средина за живеење. Освен тоа, имаме намера да изградиме станица за прочистување на водата за пиење, а веднаш потоа да поставиме систем за природен гас. "Се надевам дека голем дел од граѓаните до 2019 година ќе сакаат да го постават овој систем на греење во своите домови." На тој начин ќе направиме голем чекор во заштитата на животната средина. Овој напредок ќе ги намали и трошоците на бизнис заедницата. Според проценките на некои експерти, со овој проект ќе се намалат трошоците на компаниите за дури 68%. Од почетокот на мандатот правам детални планови за нфраструктурата и за привлекување на поголем број инвестиции. Како пример за ова може да го наведеме олимпискиот базент, теренот за спорт и рекреација и патеката а велосипеди. Освен тоа изградивме и еден спортски комплекс. Започнавме процес за набавување на стандардите за квалитет İSO 9001/2015. Ги направивме првите чекори за изградба на неколку моста во градот. Ги дизајниравме на индустриските зони. Изградивме посебни места за сместување на уличните кучиња.

 Velkovski 3 72b96

Какви проекти планирате за спречување на миграција на младите лица?

Поголемиот дел од мојата работа го издвојувам во проекти насочени кон младите генерации. Се обидувам да привлечам голем број на инвестиции што ќе значи отворање на голем број на работни места, а со тоа зголемување на можноста за вработување на младите со цел на останат тука - во Свети Николе. Не сакаме младите да бидат разделени од своите најблиски.

 Velkovski 5 23e6b

Какви проекти имате за подобрување на здравствената ситуација?

Во соработка со здравствената институција Гаврило гаврилски сакаме да го подобриме квалитетот на здравствеите услуги на Светиниколчани. Најпрвин треба да се постави квалитетен кадар, но тоа се чини многу тешко во ситуација кога има голем недостаток на експертски лица. Се надевам дека овој проблем ќе го решиме во најбрз можен период.

 Velkovski 4 006db

Кои се плановите за идните проекти намемети во врска со патната инфраструктура?

Оваа година ќе биде направена комплетна реставрација за патот кон селата Пеширово и Ерџелија. Планираме да изградиме и пат за селата Горобинци, Иванковци, Кнежје и Ѓузумелци.

Кои мерки ќе бидат превземени од Ваша страна за развој на земјоделието?

Земјоделието е главен извор за општината Свети Николе. Според моите информации, во нашата општина има над илјада земјоделци. Ова се граѓани кои се хранат со земјоделието. Според овие информации, Свети Николе е општина со најразвиено земјоделие во земјата. Поради ова правиме големи напори во делот на подобрување на условите за развој на земјоделието во нашата општина. Координирано вршиме соработка со министерството за земјоделие. Се обидуваме да привлечеме поголем број инвестиции. Со сето ова, се обидуваме да го намалиме бројот на невработените лица.

 Velkovski 6 d3ba5

 

Please publish modules in offcanvas position.