Гаревски: Дождот и поплавите не можат да бидат причина за земјотрес

Гаревски: Дождот и поплавите не можат да бидат причина за земјотрес

Бројните земјотреси кои започнаа од пред два месеца, продолжуваат со различна сила. Покрај земјотресите што се случуваат во Скопје и околината, веќе неколку недели наназад земјата се тресе и во Демир Капија, Гевгелија и околината. Колку ќе потрае ова и што значи, не може со точност да се каже.

Директорот на Центарот за сеизмолошки истражувања проф. д-р Михаил Гаревски во репортажа за Заман, ги објасни причините за земјотресите и ризичните подрачја.

„Уште се активни македонските линии на расед“

Гаревски, тврдејќи дека линиите на расед во Македонија сеуште се активни, вели дека за ова доказ е земјината површина која се тресе уште од Јуни месец. Гаревски вели „Земјотрсот кој го доживеавме во минаттите месеци, преставува најсилен земојтрес после земјотресот од 1963 година. Доколку го земеме во предмет земјиното тло врз кое се наоѓаме, вакви земјотреси може да очекуваме на секои сто години. Благо тресење на земјата во минатите неколку месеци е сосема нормална состојба“.

„Земјотресите се резултат на подвижувањата на земјината кора“

Геревски ја реши долготрајната дилема дали земјотресите се резултат на дождот и другите природни појави. Тој не се согласува со ова тврдење. Геревски вели „Сеизмолозите не го прифаќаат мислењето дека силните дождови кои се појавија низ земјата можат да бидат причина за земјотресите. Низ целиот свет, секоја година се случуваат околу осумстотини земјотреси со јачина која се движи меѓу 5 и 6степени. Кога би ги анализирале овие земјотреси може да констатираме дека ниту дождот, ниту пак некоја друга природна појава не била причина за нивно појавување. Ова треба јасно да се потенцира: Земјотрeсите се случуваат како резултат на потресот на земјината кора. Силата на земјотресот е резултат на судирот на плочите од земјината површина и брзината на нивното движење.

„Битола, Дебар и Охрид се меѓу ризичните места од можен земјотрес“

Гаревски, со нас сподели важни информации во врска со ризичните трусни подрачја. Тој вели „Како што и порано кажав, во Македонија има неколку ризични трусни подрачја. Наназад гледано, можеме да забележиме дека во 1904 година во Беово и 1938 година во Пехчево се случиле силни земјотреси.

Кога ќе ја анализираме подвижноста на земјината кора, може да се каже дека Битола, Дебар и Охрид се меѓу ризичните места од можен земјотрес. Познато е дека во споменатите градови се забележани неколку земјотреси еден по друг. Од друга страна, Скопје и Дебар се на Ќустендилската линија на раседот“. Тој вели дека и покрај тоа што во овие подрачја има ризик од земјотрес, сепак потенцира дека не може да се чека земјотрес како тој од 1963 година. Сепак додаде дека не може да се каже дефинитивно ништо. 

„За Скопје се направени многу анализи. Според анализите, во Скопје не се очекува земјотрес посилен од 6.0 степени. Скопските градби треба да се подготвени џс џемјотресите. Oна што треба да се знае е дека со измените во законот од 1964година се преземени многу сериозни мерки за издржливоста на изградбите од земјотрес. Сепак, земјотрес со јачина од над 6,5 степени би предизвикал сериозни штети“.

„Земјотресите со јачина околу 3,3 и 3,9 не можат да предизвикаат било каква штета“

Гаревски, велејќи дека не секој земјотрес може да предизвика матеијална штета, потенцира дека според нанесената штета, земјотресите се поделени во категории.

Земјотресите со јачина околу 3,3 и 3,9 не можат да предизвикаат било каква материјална штета. Земјотресите со јачина 4-4,9 можат да бидат причина за мали оштетувања на зградите. Земјотрес со јачина помеѓу 5 и 5,9 степени има сила делумно да ги сруши зградите. Земјотресите со јачина над 6 и 7 може да ги сруши зградите. Земјотресот од 1999 година кој ја затресе Турција со 7,4 степени е еден од типичните примери за ова. Во светот се случуваат и степени со јачина над 8 степени, но тоа се случува еднаш годишно.

„Не треба да се бега во случај на земјотрес“

Гаревски кој рече дека многу е тешко да се каже дефинитивно што треба да се направи за заштита од земјотрес, потенцираше дека пред се луѓето не треба да се трудат да излезат надвор. Во врска со оваа тема, тој вели:

Доколку сме некаде во затворен простор, дома или во канцеларија, треба да се заштитиме влегувајќи под масата или гредите. Откако ќе помине земјотресот, може да на еден брз начин да се излезе надвор од зградата.