ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ЏАФЕРИ: КРАЈОТ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ЌЕ ГО ОТВОРИ ПАТОТ КОН ЧЛЕНСТВО ВО НАТО И ЕУ

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ЏАФЕРИ: КРАЈОТ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ЌЕ ГО ОТВОРИ ПАТОТ КОН ЧЛЕНСТВО ВО НАТО И ЕУ

На 27. април, по бурниот избор, во историјата на Македонија за прв пат се случи албаниец да стане претседател на парламентот. Талат Џафери веднаш по изборот за претседател започна со бројни средби со домашните и надворешните преставници. Тој во својот кабинет ја прими и екипата на Заман Македонија и одговори на прашањата упатени од новинарите. Џафери даде зачудувачки објаснувања во врска со актуелните теми.

talat ceferi

За прв пат по осамостојувањето на Македонија, од 1991 година еден албанец, со поддршка и на пратеници македонци стана претседател на македонскиот парламент. Каква вредност ова има за Македонија, која важи за мулти национална држава?

На изборите оддржани во 2002. година албанците и Демократската унија за интеграција (ДУИ) докажаа дека албанците можат да преземаат должности на високи позиции во државата. На предвремените избори одржани на 11 декември 2016 ниту една партија не успеа да го достигне мнозинството за формирање на владата. Предвремените избори кои се оддржаа по неколку годишната криза овозможија албанските партии да се согласат околу заеднички вредности. Оваа согласност е резултат на членовите кои ги понудија партиите во предизборниот период. Еден од тие принципи е албанец да биде на чело на високи позиции во државата. На крајот од овој процес, кадко член на ДУИ кој го живее својот 5. (петти) мандат, беше одлучено за мојата кандидатура на претседател на собранието. Движењето БЕСА не ја поддржа мојата кандидатура. Не сакам ова да го коментирам бидејќи сметам дека ваквата одлука на БЕСА е од политички причини. Во мојот прв говор, откако на 27. април бев избран за претседател на парламентот, реков дека ќе бидам претседател на парламентот за сите граѓани и сите пратеници, без оглед на тоа дали гласале за мене или не. Моето претседателство значи дека и албанците, кои се вториот народ по бројност, имаат знаење и капацитет да бидат раководители во горниот ешалон на државата. Ова е преломната точка на парламентарната демократија во Македонија.

По избпрот за претседател, вашите први средби се реализираа со преставниците на Европската унија. Дали ова е знак дека целите и задачите на новиот парламент се насочени кон членство во ЕУ и НАТО?

Во предизборниот период се водеше сериозна пропаганда околу нарушувањето на унитерноста на државата. Поради ова, беше многу битно каде ќе биде мојата прва посета и кои се моите чекори кои ќе ги преземам. Мојата прва посета на ЕУ е во склад со мислењата на мнозинството население кое го поддржува членството во ЕУ и НАТО. Македонија е држава која од 2005. година има статус на кандидат за членство во ЕУ. Но, политичката нестабилнос ја уназадиле Македонија повеќе од 10 години во Евро Атлантската трка. Мислиме дека крајот на политичката криза ќе отвори нова страница во напорите за членство во ЕУ и НАТО.За членство во ЕУ може да зборуваме само откако ќе се направи внатрешна политичка спогодба околу пречките кои се наоѓаат на патот кон ЕУ.

Talat Caferi

Дали сметате дека односите со кабинетот на претседателот ќе се одвиваат во позитивна насока? Каков став ќе заземете доколку не се воспостави хармоничен работен однос со кабинетот на претседателот на државата?

Во уставот прецизно се дефинираат должностите и овластувањата на државните функционери. Предвидени се и постапките кои треба да се преземаат во случај на различностите во ставовите на пртседателот и пратениците. Народот владее со државата преку избраните преставници. Ова вклучува и носење на закони и нивните измени. Доколку претседателот не прифати еден закон кој парламентот го изгласал, после одреден период тој закон повторно се враќа во парламентот. Доколку парламентот инсистира и повторно го изгласа истиот закон тогаш измената се дефинира и природно, недоразбирањата се нулираат. И моите одговорности како претседател на парламентот се предвидени со уставот. Разликите помеѓу претседателот на државата и претседателот на парламентот не се пречка во моето вршење на должноста.

По првото избирање на албанец како претседател на парламентот, започнаа и претпоставките дека новиот претседател ќе говори на албански јазик. Во случај ова да се случи, каков ќе биде одразот врз јавноста? 

Во измените на законите јасно е прецизирано кои јазици можат да се говорат во парламентот. Јас, мојот говор како кандидат за претседател а подоцна и како претседател на парламентот го направив на албански јазик. Сметам дека мојот говор на албански јазик нема да биде пречка. Ќе внимавам да ги користам јазиците кои законот ми ги дозволува.

Каква ќе биде вашата улога во реформите на Македонија кон Евро-Атлатското членство?

Претседателот на парламентот ги регулира дневните редови и ги подредува темите кои треба да се расправаат во текот на седниците. Како претседател ќе го отворам патот на измените на законите поврзани со членството во ЕУ и НАТО за тие да бидат поефикасни. Надвор од ова, претседателот на парламентот нема поголеми ингиренции во процесот на донесување на роформите. Но, како дел од парламентната дипломатија ќе имам активна улога во зајакнување на односите помеѓу работните групи. Во рамките на ова, планирам да остварам состанок со европските и соседните земји.

Дали ќе ја зголемите соработката со земјите каде што претседател на парламентот е албанец?

Соработката со наведените земји не треба да се сфати како лична иницијатива. Ние ги прескокнавме изборите и политичката криза. Остварувањето средби во предизборниот период не е препорачлива практика.

Бидејќи ваквите средби кај партиите можат да создадат перцепција на пристрасност. Поради тоа, средбите помеѓу двете земји ќе се остварат после изборите.

Како ги оценувате настаните кои се случија во парламентот на 27. април? Како ќе се работи процесот потоа?

Потребните чекори ќе се преземат во рамките на парламентарното работење. 27 април го оценувам како црн ден за македонската демократија. Сакам да верувам дека овој случај е последниот од ваков вид. Сите имаме одговорност да не дозволиме уште еднаш да се случи ваков настан. Од друга страна, 27. април има историска вредност поради тоа што за прв пат во историјата на независна Македонија се случи албанец да стане претседател на парламентот. Освен тоа, 27 април е денот кога дел од пратениците станаа директни учесници во насилство. Се работи за пратениците кои ги отвориле вратите на парламентот за внатре да влезат протестантите. Ваквиот потег ги стави во опасност животите на пратениците и претсвниците на медиумите. Овластените институции почнаа да превземаат активности за законското казнување на вршителите на ова злодело. Најпрвин се дефинираат личните податоци на лицата замешани во случаите. За жал, некои лица се ослободени со условна казна. Ова е една од лошите страни процесот. Но, оваа одлука ја покажува моменталната состојба на владеењето на правото во државата. Како претседател на парламентот ќе се залагам за формирање на комисија која ќе ги истражува настаните и лицата кои учествувале во нив. Освен тоа, доколку има барање од пратениците, ќе започнам постапка за отворање на истрагата против пратениците кои учествувале во настаните.

Како во парламентот ќе бидат пречекани законските измени околу користењето на албанскиот јазик? Дали ваквите измени можат да се направат со едноставното множинство?

Во уставот се застапени правата на јазиците кои се говорат од страна на 20% од населението. Албанскиот е дел од овие јазици. Според уставот, за овие измени доволно е едноставно мнозинство и не е потребно двотретинското мнозинство. Освен тоа, за тие измени веќе сме се договориле со нашиот коалиционен партнер. Наскоро ќе се знае датумот кога овие законски измени ќе бидат ставени на дневниот ред на парламентот.

Дали очекувате бојкот на парламентот од страна на новата опозција, како што тоа претходно го направи СДСМ?

Блокирањето или попречувањето на работатата на парламентот не е нешто ново во Македонија. Овој метод е користен во многу случаи од страна на различни партии. Се надевам дека политичарите ќе сфатат дека попречувањето на парламентот не е добар метод. Се разбира, не можеме да ја негираме можноста за бојкот. Како претседател, ова ќе го оценам како политички чекор. Надвор од ова, нема да кажам друго мислење, бидејќи како претседател на парламентот треба да бидам на иста дистанца со сите партии.

Како што се избра албанец за претседател на парламентот, дали мислите дека во иднина има можност албанец да биде избран за претсдател на државата?

Таму каде што владее демократијата не може да се исклучи ваквата можност, но сеуште е рано да се случи вакво нешто. Времето ќе покаже дали ќе се случи тоа или не.

talat caferi 2 5c291

Please publish modules in offcanvas position.