Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Апират Сугондхабиром, новоименуван амбасадор на Кралството Тајланд во Република Северна Македонија, со седиште во Анкара.
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Гази Хамед Алфадли, новоименуван амбасадор на Државата Кувајт во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.
Кошаркарите на Бостон изборија „мајсторка“ во финалето на Источната конференција во НБА лигата, совладувајќи го синоќа во шестиот натпревар Мајами со 104-103 на гостински терен, а победничкиот кош со звукот на сирената го постигна Дерик Вајт.
Три бронзени медали освоија македонските натпреварувачи на првиот ден од Балканското првенство во карате за деца кое овој викенд се одржува во црногорскиот град Бар.
Натпреварите кои новиот англиски прволигаш Лутон ќе ги игра на домашен терен во новата сезона ќе донесат најмала посетеност во историјата на Премиер лигата поради капацитетот на стадионот.
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер верува дека е јасна и важна пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дека тешките одлуки за напредување во евро-атлантските интеграции треба да се направат до крајот на годинава.
Со победнички шпалир приреден од РК Тиквеш и со аплауз од генерацијата битолски ракометари кои пред 18 години беа македонски шампиони, вечерва во Битола беше прославена победата и првото место на РК Еурофарм Пелистер во годинешното ракометно првенство.
Претседателот на државата Стево Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледа измените на законите поврзани со коридорите 8 и 10д донесени вчера од Собранието, посочуваат од МИА од Кабинетот на претседателот наведувајќи дека бидејќи станува збор за повеќе закони...