Кинеска режисерка направи историја, добивајќи Оскар за најдобра режија

Кинеска режисерка направи историја, добивајќи Оскар за најдобра режија

Кинеската режисерка Клои Жао влезе во историјата на доделувањето на Оскарите со освојување на Оскар за најдобра режија.

Жао, која победи за нејзиниот филм Номадленд, е првата Азијка и само втора жена што некогаш го однела трофејот. Поминаа 11 години откако Катрин Бигелоу стана првата жена што го освои Оскарот за најдобар режисер за филмот The Hurt Locker, драма поставена во војната во Ирак. Победата на Жао беше потврдена и откако Номадленд доби Оскар за најдиобар филм.

Меѓу доделените рани награди, Јун Јух-џунг го освои Оскарот за најдобра споредна актерка за нејзината улога како баба бајачка во Минари. 73-годишната Јун е првиот јужнокорејски актер или актерка што освои Оскар. Британецот Даниел Калуја беше прогласен за најдобар спореден актер за улогата на активистот за „Црниот пантер“ Фред Хамптон во филмот „Јуда и црниот месија“. Филмот Соул, на Пиксар е најдобриот анимиран филм, а данската мрачна комедија „Уште една рунда“ беше прогласен за најдобар меѓународен игран филм. Британскиот актер Ентони Хопкинс го освои Оскарот за најдобриот актер. Ова е втор Оскар за 83 годишниот Хопкинс за улога како човек со деменција во филмот „Таткото“. Тој не присуствуваше на церемонијата. Со оваа победа, Хопкинс стана најстариот актер што некогаш освоил Оскар.