Чешкиот биографски филм „Низ очите на фотографката“ по сценарио и режија на режисерот, продуцент и писател Матеј Минач програма на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“, што се одржува во хибридна форма.
Филмот е наградуван на повеќе од 70 меѓународни фестивали, во Њујорк-САД, Карлови Вари-Чешка, Варшава-Полска , Хаифа – Израел…
-Неверојатно енергичната 88-годишна популарана словачка фотографка Сузана Миначова, има огромно влијание врз чешката и словачка фотографија повеќе од 50 години, изложувајќи низ триесет земји во светот. Оваа успешна и крајно позитивна жена е прогонувана од тајната од детството која ја измачува и не и дозволува да спие. Единствено решение е да ја открие огромната детска љубов помеѓу неа – еврејско девојче и едно момче христијанин, Петар. Започнува неверојатно тешко патување.Повторно го посетува Аушвиц, концентрационен камп каде пред 70 години ги искусила најужасните моменти од животот. Дали конечно ќе го најде мирот и ќе го остави минатото зад себе?, се наведува во најавата за филмот.
Меѓународниот филмски фестивалот „Богородичен покров“ стартуваше на 11 декември, а ќе трае до 26 декември. Целта е да ги шири духовните, хумани и културни вредности. Се прикажуваат документарни и играни филмови посветени на културното и духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови.
Најавени се над 20 филмски и телевизиски програми од земјава, Русија, Србија, Чешка и Словачка, Унгарија, Романија и Франција. Филмските проекции се бесплатни, а сите се преведени на македонски јазик. Поголем дел од нив се на англиски, а дел од програмата е и на српски јазик. Програмата репризно ќе се прикажува од 1 до 16 јануари следната година.