Специјално признание за актерот Мартин Ѓоргоски на фестивал во Брунсвик

Специјално признание за актерот Мартин Ѓоргоски на фестивал во Брунсвик

Македонскиот игран филм „Џган“ (англиски: Amok) по сценарио и режија на Вардан Тозија беше номиниран меѓу осум филмови во натпреварувачката категорија „Beyond” на филмскиот фестивал во Брунсвик, Германија, на кој учествувале 344 филма.

„Џган“ не освоил награда, но актерот Мартин Ѓоргоски добил Специјално признание.

- За жал, наградата ја освои иранскиот филм „Лантоури“, но главното жири на сцената изјави дека мора да додели уште една награда - Специјално признание за исклучително остварување на младиот актер Мартин Ѓорѓоски од Македонија, за неговата улога во филмот „Џган“, соопшти продукцијата „Дрим фектори“, која филмот го направи во копродукција со „Red Helicopter Films“ од Албанија.

„Џган“ е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.