Младиот пијанист Арда Мустафаоглу добитник на прва награда на светски натпревар

Младиот пијанист Арда Мустафаоглу добитник на прва награда на светски натпревар

На интернет натпреварот „Best Mozart Perfomance“, во рамките на „Great Composers“ светските натпревари, македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место во неговата категорија, во конкуренција на инстументалисти од САД, Полска, Канада, Велика Британија, Германија и други земји.

Ада Мустафаоглу Четиринаесетгодишниот Мустафаоглу е ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, во класата на м-р Самира Мустафаоглу.

Мустафаоглу досега настапувал на повеќе меѓународни пијано натпревари во Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Италија, каде има добиено и други први награди.