Уште едно прво место на интернационален натпревар по пијано

Уште едно прво место на интернационален натпревар по пијано

Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на осмиот интернационален натпревар на млади музичари “Antonio Salieri” кој се одржуваше од триесетти март до втори. април во Legnago–Verona (Италија).

Педесет и шест млади пијанисти од Кина, Швајцарија, Италија, Летонија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Албанија беа оценувани од интернационалното жири во состав Giorgio Lovato, Teresa Trevisan, Salvatore Spanò, Pasquale Iannone и Valentina Berman. Според оценките на жирито нашиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место во категоријата на пијанисти до петанаесет години.

59367542 fa182

Арда Мустафаоглу е млад пијанист кој учи во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Досега има освојувано први места на бројни меѓународни натпревари во Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Италија како и на интернет меѓународни пијано натправари. Редовно настапува на годишните и новогодините концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, има солистички концерти и настапува со Македонската филхармонија.