Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата кај Ласкарци

Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата кај Ласкарци

Неисправните уреди за сопирање на автобусот и возењето над дозволената брзина се главните причини за несреќата кај Ласкарци, поради што ОЈО поведе постапка против седум лица, кои се приведени во полициска станица.

Јавниот обвинител Сашо Рајчев денеска на прес-конференција рече дека ОЈО ќе побара притвор против нив и да им бидат одредени мерки на претпазливост.

-Вештачењето покажа дека главна причина за несреќата се неисправноста на уредите за сопирање на автоубост и поголемата брзина на возење над дозволената поради што изгубил контрола врз автобусот. Возачот возел 99 километри на час, а дозволената брзина е 80 километри, рече Рачев. Додаде дека вештачењето покажало оти возачот не користел мобилен телефон за време на несреќата.

Приведени се седум лица, меѓу кои се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

e-max.it: your social media marketing partner

Please publish modules in offcanvas position.