Сообраќајни контроли во гостиварско: Претовар со патници и возачи без лекарски уверенија

Сообраќајни контроли во гостиварско: Претовар со патници и возачи без лекарски уверенија

По последната акција на полицијата за проверка на поширокото гостиварско подрачје, на возила што вршат јавен превоз на патници, санкционирани се 14 лица. Според СВР Тетово, со контролата биле опфатени 29 возила, претежно комбиња што сообраќаат кон гостиварските села.

 

При тоа, откриени се девет возачи кои ги управувале комбињата без потребните лекарски уверенија, кај четири констатиран е претовар, наведуваат од СВР Тетово. Откриените прекршоци санкционирани се со девет прекршочни и пет мандатни платни налози.

Глобата за управување без лекарско уверение изнесува 300 евра, а за претовар 45 евра во денарска противвредност.

Please publish modules in offcanvas position.