Од четврток многу топло со температури над 35-тиот степен

Од четврток времето ќе биде сончево и многу топло со максимални температури кои на повеќе места ќе го надминат 35-тиот степен.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во петок максималните температури ќе достигнат до 39 степени, а во сабота до 38 степени.

Локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува уште утре попладне. 

Please publish modules in offcanvas position.