Пендаровски во официјална посета на Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.

Како што информираат од неговиот Кабинет, тој ќе оствари одвоени средби со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

За време на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин.

Please publish modules in offcanvas position.