Османи: Северна Македонија има капацитет да го продолжи евроинтеграцискиот пат

 Северна Македонија има и политички и институционален капацитет за да го продолжи патот кон полноправно членство со Унијата, и ние како Влада, остануваме посветени на овој процес сè до полноправно членството во Европската унија и НАТО, истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средба со претставници на „Големиот Комитет“ (Grand Committee) во рамки на финскиот Парламент, предводени од првиот заменик претседател, Јани Макела.

На средбата, со којашто денеска Османи ја започна официјалната посета на Финска, биле разменети мислења за евроинтеграцискиот процес на држвава и поддршката во таа насока од Финска во рамки на нивното претседателство со ЕУ, соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања.

Османи се сретнал и со Корина Таменма, висока претставничка за јазични прашања во Директоратот за автономија и еднаквост при финското Министерство за правда Финска со Корина Таменма, со која  размениле искуствата во однос на примената на двојазичноста во Финска, како земја која има успешна примена на тој процес. Разгледани се и можностите за соработка во оваа насока, со цел успешна имплементација на Законот за употреба на јазиците и во Република Северна Македонија, информираат од СЕП.

Во тек на посетата на Финска, вицепремиерот Османи ќе оствари средби и министрите за европски работи, Тути Тупураинен, и за надворешни работи, Пека Хависто.

Please publish modules in offcanvas position.