Скопскиот Аква парк ќе работи до 8 септември

 Аква паркот кој работи во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе работи до следниот викенд, односно до 8 септември. Во деновите од понеделник до петок нема да биде отворен за посета.

Од СЦ „Борис Трајковски“ информираат дека аква паркот летово ја имал најуспешната сезона досега со продадени над 37 илјади влезници.

По затворањето на Аква парк, ќе може да се користи затворениот базен во СЦ „Борис Трајковски“ во одредени термини, а од понеделник во спортскиот центар  почнува новата сезона за аеробик вежбање со термин од 19 часот, секојдневно од понеделник до петок. Во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ работи и кугланата, центарот се  сауна, пинг понг и фитнес.

Please publish modules in offcanvas position.