Заврши хуманитарна акција во Гостивар „Со срце дарувај, ученик израдувај“

Општина Гостивар започна со распределување на предметите од хуманитарна акција под мотото „Со срце дарувај, ученик израдувај“ за прибирање училишен прибор за првачињата од социјално ранливи семејства. Акцијата траеше две недели, а донациите се прибираа во книжарници и маркети низ градот.

Од локалната самоуправа се задоволни од одѕивот и искажаа благодарност до сите кои придонесоа за успешност на акцијата.

– Нашата замисла беше да внесеме радост кај првачињата, чии родители немаат можност да им го обезбедат приборот што ќе им биде потребен за на училиште. Граѓаните ја прифатија оваа идеја и навистина и во голем број се приклучија. Собравме над петстотини чанти и ранчиња со прибор и тие уште денес се распределуваат по училиштата. Поголемиот дел ќе биде распределен во градот, а дел и во селата. Радува и фактот што неколку компании се приклучија во оваа акција и тие дополнитилено донираа. Успешноста на акција ни дава поттик ваква акција да се организра и наредната година, рече раководителката на Секторот за образование Аслијан Снопче.

Изминативе две недели во посебни кутии за донирање на училишен прибор беа поставени во маркетите на „Монтенегро” и “ЕТЦ” , и во книжарниците: „Европа”, „АС”, „Култура-Гос”, „АБЦ” и „5 Плус”.

Please publish modules in offcanvas position.