ЗНМ: Новинарите треба да имаат поголема одговорност кога комуницираат преку социјалните мрежи

 Новинарите имаат многу поголема одговорност пред јавноста секогаш кога се обраќаат, било тоа да е преку медиумите или социјалните мрежи, порача денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

– Оттаму објавата на новинарот Љупчо Златев, објавена на социјалната мрежа Фејсбук во која вели дека Обвинителката Фетаи „Нема да може ни да пие од тага, затоа што таму во Боговиње за пиење жените ги тепаат..“, може да се смета дека поттикнува дискриминација и нетрпеливост врз основа на пол и национална, односно етничка припадност, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Според Здружението, оваа непримерна комуникација не е во согласност со Етичкиот кодексот на новинари каде во членот 10 се вели: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). 

Please publish modules in offcanvas position.