Пендаровски-Ди Мајо: Поддршка од Италија за ЕУ и НАТО

Италија ја подржува Северна Македонија за интеграција во НАТО и ЕУ. Двете земји имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог. Ова е констатирано на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо, кој престојува официјална посета на земјава.

– Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната јасна и безрезервна поддршка, која во континуитет и ја дава Италија на Северна Македонија, во однос на нашите евроатлантски интеграции и се заблагодари за ратификувањето на Протоколот за членство на земјата во НАТО во италијанскиот парламент, соопшти кабинетот на претседателот.

Пендаровски истакна дека новата методологија на ЕУ за преговарање е прифатлива за Северна Македонија, со цел да имаме ефективен процес на пристапување, со мерливи резултати и конкретни придобивки за граѓаните. Подвлече дека за Северна Макеоднија е клучно што поскоро државите членки на ЕУ да се усогласат за методологијата и земјата да добие датум за почеток на преговорите за време на хрватското претседателство со Европската Унија.

Двајцата соговорници на средбата разговараа и за економската соработка и инвестициите, како и за можностите тие во иднина да се интензивираат, соопшти кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо денеска во Скопје ќе има средба и со својот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, со премиерот Оливер Спасовски, а ќе разговара и со лидери на политички партии.

Please publish modules in offcanvas position.