Знамето на НАТО се вее пред Собранието

Знамето на Северноатланската алијанса се вее пред Собранието на Република Северна Македонија.

По свечената собраниска седница, на претседателот на Собранието Талат Џафери му беше предадено знамето на Алијансата кое потоа беше закачено на јарболот до македонското знаме пред парламентарниот дом.

Претходно Собранието со 114 гласа „за“ го изгласа Законот за Ратификација на Северноатланскиот договор, кој ќе стапи во сила по ратификација на Протоколот за НАТО од страна на Шпанија. Северна Македонија по овој чин се очекива да стане 30-та земја членка на НАТО.

Please publish modules in offcanvas position.