Девојче почина од грип на Клиниката за детски болести

 Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести како последица од компликации од грип. Девочјето кое имало и други хронични заболувања, е првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Таа посочи дека изминатата недела во државава се регистрирани 3.614 заболени од грип што е зголемување за 27,9 отсто споредено со неделата пред неа кога биле регистрирани 2.825 заболени.

Меѓу заболените има и потешки случаи и најчесто тоа се мали деца, лица со хронични заболувања и повозрасни лица.

– Ги имаме и на Инфективната клиника и на Детската клиника. Во текот на изминатата недела не е регистриран смртен случај, потенцира д-р Кузмановска.

Please publish modules in offcanvas position.