Регистрирани нови 29 случаи на коронавирус, вкупно 114

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. Во Скопје 22 лица, Штип три лица, Дебар двајца, Куманово едно лице и Охрид едно лице.

Според местото на живеење, соопшти денеска Министерството за здравство, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти.

Седум пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив, 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина.

Пациенти кои се на домашно лекување, стои во соопштението од МЗ, се во постојан контакт со лекарите.

Please publish modules in offcanvas position.