Исмет Гури и Ејуп Алими осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Исмет Гури и Ејуп Алими, обвинети во предметот „Титаник 3″, се виновни заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, судијката Марија Клетничка денеска ги осуди на по три години и шест месеци затвор.

При објавување на пресудата Клетничка рече дека обвинетиот Гури е виновни затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.

Воедно, судијката истакна дека застапникот на обвинението имаше право да одлучи кој ќе биде опфатен со обвинението, односно лицата Мухаџери и Точи во овој предмет биле презентирани како сведоци.

MK f00ef