Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника

Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника

Во изминатите 24 часа два пациента починале на Клиниката за инфективни болести Регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 430 лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома.

Во однос на 46-те нови случаи на коронавирус во земјата, по градови намнногу има во Куманово-23, следи со 13, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 208
  • Куманово -85
  • Дебар – 49
  • Штип-15
  • Прилеп – 22
  • Тетово – 15
  • Струга – 9
  • Велес – 8
  • Битола – 4
  • Охрид – 3
  • Кавадарци – 2
  • Гостивар – 2
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 1
  • Крива Паланка- 2
  • Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори (Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.

Министерството за здравство, воедно информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција.