Нови 62 случаја на КОВИД-19 и двајца починати

Регистрирани се нови 62 случаја на КОВИД-19, во Скопје 24, во Куманово 2, во Штип 14, во Тетово 12, во Струга 4, во Велес, Кочани и Валандово по еден, како и во Гостивар 3. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60) примен на 22 мај, а евидентиран е и пациент од Гостивар (64) примен и починат во гостиварската болница на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 771 тестирање, а Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во Скопје 5, во Тетово 9 и по еден во Куманово, Битола и Гостивар.

Во Скопје денеска се регистрирани 24 нови случаи: во Бутел 6, во Чаир 11, во Гази Баба еден и по два во Карпош, Аеродром и Сарај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541. Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје – 841, активни 267
• Куманово – 455, активни 45
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 76, активни 41
• Прилеп –211, активни 41
• Тетово – 210, активни 78
• Струга – 84, активни 14
• Велес – 130, активни 30
• Битола –28, активни 3
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –26, активни 6
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 33, активни 2
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1

Направените 771 теста се преку: ИЈЗ –447, ЦЈЗ Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со PCR метода -70 и МАНУ -114. Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.