Нови 119 случаи со Ковид-19, четворица починати, 89 оздравени пациенти

Нови 119 случаи со Ковид-19, четворица починати, 89 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-15, Штип-17, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-3, Велес-3, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Кочани-1, Демир Хисар-5, Берово-1, Свети Николе-1, Кичево-8, Ресен-1. Починати се четири пациенти, три од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-10, Штип-12, Тетово-26, Струга-1, Велес-1, Битола-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-1, Св.Николе-2, Кичево-3, Ресен-4, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 10.617, бројот на оздравени пациенти е 6.020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117. Вчерашните пет теста се контролни и се евидентираат денеска. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4.779, активни 1.814
• Куманово 1.038, активни 296
• Дебар 193, активни 123
• Штип 809, активни 441
• Прилеп 330, активни 57
• Тетово 1.027, активни 228
• Струга 440, активни 190
• Велес 216, активни 18
• Битола 135, активни 70
• Охрид 272, активни 87
• Кавадарци 55, активни 38
• Гостивар 424, активни 258
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 23
• Крива Паланка 24, активни 10
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 98, активни 25
• Пробиштип 50, активни 26
• Демир Хисар 31, активни 27
• Македонски Брод 19, активни 15
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 2
• Валандово 6, активни 0
• Виница 8, активни 4
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 7
• Свети Николе 221, активни 179
• Кичево 142, активни 94
• Ресен 145, активни 33
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.325 теста се преку: ИЈЗ-333, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-152, Биотек-218, МАНУ -85, Клиника „Жан Митрев“ -234, Систина со PCR метода -163, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-75, Инфективна клиника-15, ГАК-19. Досега во земјата се направени вкупно 100.940 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациент. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и две деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 256
• Аеродром – 191
• Бутел – 127
• Гази Баба – 177
• Центар – 152
• Карпош – 164
• Сарај – 103
• Кисела Вода – 175
• Ѓорче Петров – 122
• Студеничани – 82
• Шуто Оризари – 130
• Арачиново – 36
• Илинден – 26
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 24
• Зелениково- 7
• Странец – 7
• Нераспределен- 4.