23 нови случаи на Ковид 19, починаа 4 пациенти

23 нови случаи на Ковид 19, починаа 4 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш – по 1.

Регистрирани се 32 оздравени пациент од:

Скопје – 13, Радовиш – 4, Битола и Кратово – по 3,Прилеп – 2, Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово – по 1.
Пријавени се вкупно 4 починати лица: 3 лица од Скопје (76г,76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г).

Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.