Санкционирани 295 возачи поради брзо возење

Санкционирани 295 возачи поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, при што санкционираше 295 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 194 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.

Од МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението на МВР.