Скопје: Канализационата мрежа не одговора на згоелемениот број на жители

Скопје: Канализационата мрежа не одговора на згоелемениот број на жители

Во последниве години секојдневно никнуваат нови градби и поради ова канализација која е предвидена за 200 или 300 жители, сега е невозможно да опслужи неколкукратно поголем број на жители. Една од општините каде населението се зголеми во последните години е Чаир. Портпаролот на оваа општина Фари Хисени рече дека во некои реони на оваа општина канализационата мрежа е реконструирана.

„Првата фекална канализација на ниво на општината е направена пред многу години, односно пред неколку децении. Но, согласно законот за просторно планирање, секој детален урбанистички план што секоја година го одобрува Советот на општината е во согласност со стандардите за канализациона мрежа. Од времето кога е направена првата канализација на ниво на општина Чаир, таа се одржува и надградува. Има населби кои имаат комплетно нова канализациона мрежа. Последниот случај го имаме со населбата Дижонска и населбата Серава“, рече Фари Хисени- портпарол на општина Чаир.

Друг проблем кој исплива на површина со последните обилни врнежи беше состојбата на системот за атмосферски води.

Излеговме на терен да видиме дали постојано се чисти и одржува атмосферската мрежа. Но, она што го забележавме е дека добар дел од шахтите и сливовите за атмосферска вода се затнати. Институциите велат дека си ја вршат работата, но забележавме дека тие се блокирани од лисја и ѓубре.

Последното невреме кое го зафати главниот град ги поплави главните улици, но и улиците во населбите, така што тие наликуваа на реки. Фекалната вода се измеша со атмосферска вода, поплавувајќи ги подрумите и предизвикувајќи штета и непријатна миризба во населените места.