Изречени 140 санкции за брзо возење

Изречени 140 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.

-Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 45 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.