За брзо возење 512 санкции на територијата на цела држава

За брзо возење 512 санкции на територијата на цела држава

Казнети се 512 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив 51 возилo се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, информираат од МВР, 242 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 270 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.