99 санкционирани возачи во Скопје, 28 под дејство на алкохол

99 санкционирани возачи во Скопје, 28 под дејство на алкохол

На територија на град Скопје изречени се вкупно 99 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за возење под дејство на алкохол во текот на вчерашниот ден при контролите во областа на сообраќајот спроведени од страна на МВР.

Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за возач почетник...

- Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.