Полицијата казни 203 возачи во Скопје, 21 од нив возеле под дејство на алкохол

Полицијата казни 203 возачи во Скопје, 21 од нив возеле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 21 мерка за возење под дејство на алкохол, осум санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.