Казни за 194 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Казни за 194 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Казнети се 194 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што информираа денеска од МВР, 91 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.