Изречени 131 казни на возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Изречени 131 казни на возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции.

Изречени се и 27 мерки за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет мерки за нерегистрирани возила, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.