Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возачи.
Како што соопшти денеска МВР, од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 49 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.