Од 18 декември и во Македонија се очекува да профункционира системот “Најди ме“

Од 18 декември и во Македонија се очекува да профункционира системот “Најди ме“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се уште нема никаква трага од 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна во понеделникот утрото.

Во потрагата по неа веќе се вклучи и Интерпол. Сликата на исчезнатото 14 годишно девојче ја објавија сите балкански земји.

Овој случај го отвори прашањето за итно воведување на американската алатка Амбер Алерт, која веќе успешно е имплементирана во соседна Србија.

Со овој систем треба да се алармира веднаш во првите часови од исчезнувањето на детето, преку пораки на мобилни телефони со фотографија, во такси компании, јавен превоз, банкомати но и во хотели.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.