Треба да се охрабрат децата и родителите да пријавуваат секакво насилство во училиштата од врсници. Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа реагира веднаш по добиена пријава, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Исклучителен е напредокот на мојата Вики откако работи со образовен асистент, вели Дарка Трајковиќ (70), баба на ученичка во средното училиште „Киро Бурназ“ Куманово. Ученичката Викторија Трајковиќ е втора година во насоката пекар во Државното средно училиште, Регионален центар за...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на дојавите за бомби во училиштата кои од вчера повторно се актуелни, вели дека приоритет треба и се даде на истрагата, но дека ќе треба да се размисли овие објекти да имаат...
Премиерот Димитар Ковачевски на заеднички ручек со студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
Министерството за образование и наука информира дека на неговата веб-страница (www.mon.gov.mk) е објавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк што подразбира добивање месечен паричен надомест од околу 2.400 денари во девет месеци во годината.
Студентски отпор“ упатува апел до сите пратенички групи во Собранието денеска како последен ден од рокот за поднесување на амандмани на Буџетот за 2023 година да се излезе во пресрет на студентите и да се зголемат средствата што ги предвиделе...
Со транспаренти со пораки и примероци од храна оставени пред влезот на Министерството за образование и наука (МОН), студентите вечерва изразија незадоволство од студентскиот стандард и владините антикризни мерки.
Собранието на Република Северна Македонија изгласа предлог законот за изменување на Законот за субвенционирање на студентски оброк да се носи по скратена постапка.