Шеесет млади луѓе од 18 до 35 години од општините од североисточниот плански регион, денеска во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ во Куманово добија сертификати за успешно завршување на петмесечните обуки од машинската и електротехничката струка.
Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на учебната 2015/2016 година изнесувал 185.119 и забележува намалување од 1,7 отсто во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика.
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу по повод прославата на 7-ми март „Ден на учителот“, присуствуваше на свеченoст во Детскиот театар во Скопје организирана од страна на Уметничкиот совет во соработка со учениците од средните училишта „Зеф Луш Марку“,
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска присуствуваше на прославата на 7 Март, Денот на учителот, што се одржа во Домот на АРМ во организација на СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и СУГС „Марија Кири Склодовска“.
Во организација на Сојузот на математичари на Македонија, во Дебар беше одржан регионален натпревар по наставниот предмет математика за ученици од средните училишта.
Месечен паричен надоместок ќе добие секој средношколец од Македонија кој ќе учествува на некој од тринесетте признати меѓународни натпревари и ќе освои едно од првите три места.
Деведесет и пет студенти на додипломски студии по математика, хемија или физика ќе добиваат по 18.000 денари месечно во деветте месеци од академската 2016/2017 година.
Од денеска до 3 февруари ќе се спроведува екстерно тестирање на матурантите.